1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија има нов министер за економија

Генералниот секретар на Христијанско социјалната унија, Карл Теодор цу Гутенберг е новиот министер за економија на Германија. Претседателот на партијата, Хорст Зехофер денеска официјално ја потврди информацијата.

default

Вртоглава политичка кариера: Карл Теодор цу Гутенберг

Политичарот на Христијанско социјалната унија Карл Теодор цу Гутенберг, само три месеци откако ја презеде функцијата генерален секретар на ЦСУ, се сели во Берлин. Името на Гутенберг на германската политичка сцена за првпат се слушна кога работеше во ресорот надворешна политика за покринската група на ЦСУ во Бундестагот во Берлин. Инаку, во партијата се зачлени пред девет години, во 2002 година беше избран за пратеник во германскиот Бундестаг, а шест години подоцна се искачи до водечките кругови во Христијанско социјалната унија. На министерската функција го чека тешка задача со оглед на актуелната економска и финансиска криза. Тој се смета за иднивидуалец со силни говорнички способности. Карл Теодор цу Гутенберг ќе биде најмладиот министер за економија во повоена Германија. Должноста генерален секретар на ЦСУ сега треба да ја преземе пратеникот во Бундестагот, Александер Добринт.

Глос ја официјализираше оставката

Инаку претпладнево министерот за економија Михаел Глос и официјално упати молба до канцеларката Ангела Меркел да ја одобри неговата оставка.

Michael Glos Pressekonferenz Jahreswirtschaftsbericht 21 Januar 2009

Се повлече од функцијата министер за економија: Михаел Глос

Глос го потпиша барањето упатено до канцеларката Меркел, во кое бара да биде разрешен од функцијата. Долго време се сметаше дека Глос е заморен од извршувањето на должноста министер за економија, но неговата оставка на само неколку месеци пред новите парламентарни избори изненади многумина. 64-годишниот Глос во саботата, со писмо до шефот на партијата Хорст Зехофер побара да биде разрешен од функцијата. Зехофер во првата реакција ја одби оставката, но на меѓусебната средба синоќа во Минхен двајцата политичари постигнале согласност Михаел Глос сепак да си замине од министерското место во Берлин и за него да се најде замена во партијата.

Причини за оставката

Според информации на германските медиуми и агенции, оставката на Михаел Глос е резултат на нарушените односите меѓу него и шефот на партијата Хорст Зехофер.

** ARCHIV ** Der Vorsitzende der Christlich Sozialen Union (CSU) und bayerische Ministerpraesident Horst Seehofer, links, spricht am 9. Dezember 2008 in Muenchen waehrend einer Pressekonferenz neben d

Шефот на ЦСУ, Зехофер (лево) и новиот адут на партијата, Гутенберг

Се вели дека Зеехофер веќе неофицијално барал наследник за министерот за економија, постапка поради којашто министерот Глос изгубил трпение.

По изборите во 2005 година министерството за економија требаше да го води тогашниот премиер на Баварија и шеф на ЦСУ, Едмунд Штојбер, но откако тој се откажа Глос ја доби понудата како застапник на конзервативни ставови во економската политика. Критичарите му префрлуваа дека премалку се ангажира во големата коалиција, а исто така и во екот на актуелната финансиска и економска криза министерот не остави силен впечаток.