1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија има итно потреба од доселеници

Во Берлин денеска се основа посебна комисија од државни секретари која треба да разјасни како германската влада треба да постапува против можна злоупотреба на социјални услуги. Повод е дебатата за Бугарите и Романците.

Дебатата во Германија ја разгоре Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) по повод отворањето на пазарот на труд за Романците и Бугарите. ЦСУ предупредува од опасноста од „доселување поради сиромаштија“ и сака на странците да им го отежне пристапот до германскиот социјален систем. Социјадемократите и опозицијата ја обвинуваат ЦСУ за популизам. Дали Бугарите и Романците се пред се‘ „доселеници поради сиромаштија“ или тие ќе го заживеат пазарот на работна сила?

Минатата година заврши со поволни очекувања за пазарот на работна сила. Бројот на невработени се зголемуваше помалку отколку во годината пред тоа во истиот период. На крајот на годината бројот на лица без работа се зголеми за 0,2% и изнесува 6,7%.

Добрата состојба на пазарот на работна сила ја отсликува иновативната способност на германската економија, објаснува експертот за пазарот на труд Герхард Бош од Универзитетот Дуизбург-Есен во разговор за Дојче веле. Покрај солидниот извоз, зголемена е и желбата за трошење поради зголемувањето на платите.

„Проблемот меѓутоа е што во 2013 година не се инвестираше многу, затоа што претпријатијата стравуваа од тоа какви ќе бидат дологорочните перспективи“, нагласува Бош. Со заклучоците на новата влада сега се наѕира подобрување, со оглед на тоа што ќе се дадат повеќе пари за инфраструктурата и образованието, а ќе се засилат и потрошувачката и пензиите и минималната плата.

За 2014 година експертите од Сојузната агенција за труд во Нирнберг очекуваат повторно благо намалување на бројот на невработени. Тој би требало во просек да изнесува 2,9 милиони.

Институтот на германската економија, кој е близок до работодавачите, во тој поглед е поскептичен. Раководителот Михаел Хитер вели дека актуелното истражување на расположението меѓу големите економски здруженија на преминот во новата година било добро, но „нема да се случи многу’. Според Хитер, сега во земјата „има 42 милиони вработени, што е историски високо ниво, но динамиката слабее“.

Deutschland ausländische Experten

На Германија, поради демографскиот развој, во наредните години и‘ се итно неопходни до 1,5 милиони квалификувани работници од странство

Дебата за доселувањето

Во Сојузната агенција за труд на дебатата околу можно зголемено доселување на лица кои бараат работа од Бугарија и Романија, се гледа опуштено. И во текот на изминатите години доаѓаа луѓе од овие земји - како сезонски работници во земјоделството или работеа во здравството, негата и гастрономијата.

„Повеќето Бугари и Романци кои живеат во Германија се доселеници за работа, а не доселеници поради сиромаштија“, вели Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на работна сила и професии. Раководителот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) предупредува од можни штети за економијата поради актуелната дебата за доселувањето. Тој во едно интервју рече дека „врз доселувањето не смее да биде фрлено лошо светло преку вжештена политичка дискусија“.

На Германија, поради демографскиот развој, во наредните години и‘ се итно неопходни до 1,5 милиони квалификувани работници од странство. Тие би помогнале за да се „осигура порастот и да се стабилизираат социјалните системи“, нагласува Ванслебен.

Актуелната дискусија, меѓутоа, покажува дека е итно непоходно да се дејствува во германското општество. „Мора да работиме и натаму на култура на добредојде за доселениците. Тоа е задача на целото општество. Политиката, црквата, синдикатите, економијата, сите мора да дадат свој придонес.“

Fachkräftemangel Integration Zuwanderung Facharbeiter

Добрата состојба на пазарот на работна сила ја отсликува иновативната способност на германската економија

Неопходна е подобра интеграција

Во Германија во моментов работат околу 155.000 Бугари и Романци. Нивната стапка на невработеност е пониска од стапката на невработеност вкупно, кај сите странци во земјата. Сега Романците и Бугарите смеат да работат во сите бранши. „Оттука, за луѓето од овие две земји сега има подобра шанса за интеграција“, вели Хајнрих Алт, член на раководството на Сојузната агенција за труд.

Алт, кој е одговорен за џоб-центрите и со тоа и за сферата на социјалната помош, меѓутоа не сака да премолчи дека „во моментов има проблем поради тоа што доселувањето на лица од овие две земји се концентрира на одредени региони и таму настануваат проблеми кои општините не можат сами да ги решат“. Такви градови се Дуизбург, Дортмунд, Берлин, Манхајм, Офенбах...

Во проблематичните општини, според експертите, работат само 10 до 20 проценти од доселениците. Сепак, само мал дел од останатите примаат социјална помош. Луѓето кои ниту работат со платени придонеси ниту добиваат социјална помош, како што вели Брикер, „се голем проблем“. Но ако се погледне состојбата со Романците и Бугарите во Германија општо, „тие придонесуваат за пензиските и другите осигурителни системи, така што социјалната држава има добивка“.