1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија извезувала хемикалии во Сирија

И црвено-зелената и црно-црвената влада во Германија, во периодот од 2002 до 2006 година, извезувале хемикалии во Сирија, од кои може да се произведе и отровниот гас сарин.

Од одговорот што Министерството за економија го даде на писменото барање на пратеничката група на Партијата на левицата, произлегува дека и владата на СПД и Зелените и големата коалиција, составена од ЦДУ и СПД, издавале дозволи за извоз на хемикалии во Сирија во периодот од 2002/2003 и 2005/2006 година. Хемикалиите што се извезувале можат да бидат употребени и за цивилни и за воени цели.

Меѓу другото, извезени се и повеќе од 90 тони флуороводород и 12 тони амониум хидроген дифлуорид. Тие се неопходни за производство на сарин, вели хемичарот Ласе Грајнер за АРД, додавајќи дека тие се, сепак, само дел од неопходните состојки.

Пратеникот на Партијата на левицата Јан ван Акен ги обвинува одговорните во тогашните влади: „Воопшто не можам да верувам дека Германија со години во Сирија извезувала хемикалии, 111 тони, со кои може да се произведува сарин и тоа во земја за која се знаело дека има програма за хемиско оружје“, вели Ван Акен за АРД, првата програма на германската телевизија.

Syrien UN Experten für Chemische Waffen besuchen ein Krankenhus nach Giftgasangriff

Во нападот кај Дамаск бил користен сарин

Германското министерство за економија аргументира дека дозволите биле „издадени по внимателна проверка на евентуалните ризици, вклучително и опасностите од злоупотреба и пренасочување во насока на можна употреба поврзана со хемиско оружје“.

Инспекторите на ОН во понеделеникот (16.09) соопштија дека при нападот во близина на сирискиот главен град бил употребен нервен гас сарин. Во нападот што се случи на 21 август, според американски наводи, животот го загубија 1400 луѓе.

Поврзана содржина