1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија избрана во Советот за човекови права на ОН

По три години отсуство , Германија е повторно избрана да биде членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации.

Германија беше успешна во тајното гласање на членките на Генералното собрание на ОН и сега припаѓа кон 47-те членки на ова важно тело на Светската организација, со седиште во Женева. Членството во Советот кој го надгледува почитувањето на човековите права во светот, трае три години. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле говореше за доказ за довербата во Германија и за потврда на политиката на владата во Берлин.

Во 2006, Советот за човекови права на ОН ја замени поранешната Комисија за човекови права на ОН. Неговите 47 членови, кои можат да членуваат само два последователни мандати, се избираат со тајно гласање во Генералното собрание на ОН. „Западната група“ во која е и Германија и која е составена од седум членови, е една од најмалите групи. Источна Европа, со шест членови е најмалата. Африка и Азија (секоја со по 13 членови) се најголеми групи. Латинска Америка и Карибите се претставени од осум земји. Германија имаше седиште во Советот од 2006 до 2009 година.