1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија избира нов претседател

Денеска (30.06) Германците ќе го избираат новиот сојузен претседател. Германскиот шеф на државата притоа нема да го бира директно народот, туку таканареченото Сојузно собрание. И тоа по пат на тајни избори.

default

Претседателските кандидати Вулф и Гаук

Сојузното собрание е најголемото парламентарно тело во Германија, кое му е наменето исклучиво на изборот на нов претседател на државата. Во него право на глас имаат сите пратеници од Бундестагот, како и исто толкав број посебно делегирани претставници од сојузните покраини. Бројот на претставници од покраинските собранија зависи од бројот на жители во соодветната сојузна покраина. Од сојузното собрание на Северна Рајна Вестфалија во Диселдорф доаѓаат 131 делегати, а од покраината Сарланд само осум.

Политичари и личности

13. Bundesversammlung am 23.05.09 zur Wahl des Bundespräsidenten

Сојузното собрание се среќава во Рајхстагот во Берлин


Избирачите може, но не мора да бидат политичари. Партиите во Собранието испраќаат и книжевници, уметници, спортисти и други личности од јавниот живот. 14. Сојузно собрание, кое се среќава денеска (30.06.) во Рајхстагот во Берлин брои 1.244 делегати. Владеачките Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ), како и Либералната партија (ФДП), според прогнозите располагаат со апсолутно мнозинство, најверојатно со 645 до 647 од гласовите.

Владејачките партии за претседателската функција го кандидираа премиерот на покраинската влада за Долна Саксонија и истакнат политичар на владеачката ЦДУ, Кристијан Вулф. Опозиционата Социјалдемократската партија на Германија (СПД) заедно со Партијата на Зелените го кандидира свештеникот, борецот за човекови права од ГДР и поранешен шеф на Службата за документите на тајна служба на ГДР, Јоаким Гаук. Партијата на Левицата и Националната демократска партија (НПД) исто така имаат свои кандидати на изборите.

Одлучувачки трет изборен круг

Horst Koehler

Хорст Келер се повлече од функцијата претседател

Ако ниту еден од кандидатите во првите два изборни круга не освои апсолутно мнозинство, победник е оној кој во третиот изборен круг ќе добие просто мнозинство на гласовите.

Творците на Уставот сосема свесно, поради искуствата од Вајмарската Република, не предвиделе народот да го избира шефот на државата. Партиите кои се застапени во Бундестагот, по правило даваат предлози, а кандидатите притоа не мора да бидат од нивните редови. Генерално многу е поважно тоа да биде угледна личност, која е соодветна да ја претставува Германија, надвор и преку партиските интереси. Сојузниот претседател Хорст Келер, кој неодамна се повлече од функцијата, ја имаше поддршката од владеачките партии ЦДУ и ФДП. Во случај да не успее изборот на Кристијан Вулф за негов наследник, политичките набљудувачи предвидуваат сериозна владина криза во Берлин или дури и повлекување на сојузната канцеларка Ангела Меркел, која лично се заложи за кандидирање на сопартиецот Вулф. Сојузниот претседател сепак не е само репрезентативна, туку и политичка функција, кон која се стремат сите партии.

Автор: Даниел Шешкевиц/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

WWW-линкови