1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија за сигурно прво место, Македонија за одржување на шансите

По победата против Турција во Берлин, репрезентацијата на Германија, во рамките на квалификациите за ЕП во 2012 година, денес му гостува на Казахстан. Македонската репрезентација е домаќин во натпреварот против Русија.

default

На германската репрезентација денеска (12.10.10) и е потребна победа во Астана, против Казахстан за лесно

Nikolce Noveski Fußballspieler

Репрезентативецот Новески

освојување на групата. Казахстан се наоѓа на претпоследното место, бeз бодови, но со подобра гол разлика од Азербејџан. Дури и нерешениот резултат ќе биде големо разочарување, истакнува германскиот селектор Јоаким Лев, но предупредува дека противникот не треба се потцени: „Овој тим на Казахстан е многу подобар од националниот тим на Азербејџан. Имаат многу квалитетни фудбалери, и затоа ние ќе бидеме подготвени.“

Македонија се надева на поволен исход

По победата против Андора, репрезентацијата на Македонија денеска игра против силната Русија, во четвртото кавалификациско коло. Ова ќе биде клучен

Deutschland Fußball Pressekonferenz Joachim Löw

Селекторот Лев

натпревар за одржување на шансите за пласман на Европското првенство. Русија на претходниот натпревар славеше во Даблин против Република Ирска со 3:2. Во квалификациите за претходното Европско првенство Русите беа подобри од Македонија и во Скопје и во Москва. Македонија ќе настапи без повредените Пандев, Попов и Тасевски. Сепак македонскиот репрезентативец Николче Новески се надева на позитивен резултат: „Се надевам дека ќе играме добро, ќе го дадеме својот максимум, и со една таква игра имаме доста шанси.“

Во групата Б, каде игра Македонија, вечерва Република Ирска и гостува на Словачка, а Ерменија ја пречекува Андора. Ова е последно квалификациско коло за оваа година. Следното е во март следната година во кое Македонија ќе игра против Република Ирска во Даблин.

Автор: Владимир Калински

Редактор: Александра Трајковска