1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија за брзо и прифатливо решение за статусот на Косово

*

Германија и натаму ќе се залага за брзо и прифатливо решение за идниот статус на Косово – порача денеска во Бундестагот германската канцеларка ангела Меркел говорејќи главните надворешно политички теми за време на германското претседателство со ЕУ. Таа особено го истакна настојувањето на Германија за ова прашање да се постигне заедништво во ЕУ.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер вчера пред надворешно политичкиот комитет на Европскиот парламент истакна дека работата околу утврдување на статусот на Косово се уште не е завршена.

Според него најновиот развој ќе зависи од посетата на рускиот претседател Владимир Путин на САД на 2 јули. Руското вето во Советот за безбедност би го довело во опасност единството на Европската унија смета Штајнамер. Според него унилатералното признавање на Косово не е добро решение.