1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија запрена во полуфиналето

Германската Дејвис Куп репрезентација ја пропушти можноста по 14 години да се најде во финалето на ова натпреварување.

default

За пехарот ќе се борат САД и Русија

Германците за време на викендот не успеаа да ја совладаат Русија, која инаку е бранител на купот. Во решавачкиот последен натпревар во Москва, Филип Колшрајбер не успеа да го совлада Игор Андрејев. Претрпе пораз од 3:1 во сетови. Претходно, со идентичен резултат загуби и Филип Петшнер во дуелот против Михаил Јужни.

Филип Колшрајбер по поразот од Андрејев изјави:

„ Да, тешко е. Денеска сакав многу, но на почетокот работите се одвиваа во поинаква насока. Сакав да го освојам третиот поен за нас, но бев под голем притисок и се случи поинаку. Тој одигра добро и имаше поддршка од неколку илјадната публика„ рече Колшрајбер и додаде

„ Се разбира дека сум тажен и разочаран, но мислам дека ова беше една добра Дејвис Куп година за мене. Имав два одлични настапа, поените беа важни, но добро, денеска не успеав„

Шефот на тимот Патрик Кинен по вчерашниот севкупен пораз изјави:

„Вчера имавме предност од 2:1, бевме сигурни но не премногу наивни и верувавме дека денеска сме јасни фаворити. Меѓутоа видовме дека денеска рускиот тим имаше двајца многу добри тенисери. Тоа го заневме и вчера и јас предупредив дека двајцата играат на домашен терен и важат за фаворити. Мислам дека дадовме се од себе но не го постигнавме посакуваното. Тоа е многу разочарувачки„

Русија во финалниот натпревар ќе игра против САД кои во полуфиналето на гости во Гетеборг ја победија Шведска со 4:1.