Германија – заложници | Вести | DW | 21.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – заложници

*

Радикално-исламските Талибанци тврдат дека ги убиле двајцата германски заложници во Авганистан. Претставник на Талибанците соопшти дека и вториот заложник бил застрелан по истекот на ултиматумот, кој истекол напладне по локално време. Од министерството за надворешни работи во Берлин се вели дека потврда за смртта на двајцата германци од независни исвори нема.

Талибанците поставија ултиматум до денеска напладне за владата во Кабул да преземе чекори за преговори со нив. Тие бараат повлекување на германските трупи од Авганистан и ослободување на затворените Талибанци. Министерството за надворешни работи во Берлин вчера изрази сомневање во можноста грабнатите Германци да се навистина во рацете на исламистите. Германската канцеларка Ангела Меркел, во едно интервју ги отфрли барањата за повлекување на Бундесверот од Авганистан. Грабнатите Германци, според медиумски извештаи, се инженери кои работат на градежни проекти во Авганистан по задача на ОН.