1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија заинтересирана за инвестиции во Македонија

Изградба на станбен комплекс од германска градежна компанија и неколку зделки во најава од германски „Сименс“,резултат од посетата на германскиот министер за стопанство Михаел Глос во Македонија

Германскиот министер за стопанство Михаел Глос

Германскиот министер за стопанство Михаел Глос

Германскиот електронски гигант „Сименс“ ќе одбере неколку проекти од медицината и од инфраструктурата, кои му се најисплатливи да ги финансира во Македонија.Ова и најавата дека градежна компанија од Германија сака да гради станбен комплекс се најконкретните зделки договорени на вчерашниот германсо македонски бизнис форум што се одржа во Скопје за време на посетатата на германскиот министер за стопанство и за технологија Михаел Глос.„Сименс“ потпиша рамковен договор со македонската валда врз основа на кој ќе се темели инвестицијата на германскиот концерн во Македонија.И денешниот договор не е обврзувачки,исто како и Меморандумот од пред една година.И во него нема рокови и суми,ниту прецизен план и динамика за инвестицијата,но сепак звучи амбициозно.

-Тоа значи отворање софтверско производство во Македонија,што е можност за идно развивање на земјата,ако се има предвид фактот дека во Македонија има голем број силни и одлични млади луѓе,инженери,висококвалификувани,и ние мислиме да ги искористиме тие капацитети,изјави Јоханес Фелдмаер,директор на „Сименс“ за Југоисточна Европа.

Стабилизацијата на регионот е значајна за германските фирми и тие ќе го поддржат тој процес,рече германскиот министер за стопанство Глос,кој освен со ресорните министри,имаше средби и со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и со опозицијата.

-Стабилизацијата на Западниот Балкан во последнава година,како и успешниот развој на Република Македонија е мошне значајно за нашите фирми.Компаниите од Германија гледаат уште многу можности за подобрување,рече министерот Глос.

Тој во Македонија беше придружуван од 20-тина германски бизнисмени,мала ама одбрана група стопанственици,рече македонскиот министер за еконимија Фатмир Бесими и поради тоа оцени дека Бизнис-форумот бил исклучително успешен.

-Германија за нас не само политички,туку и стопански е важен партнер,најголем трговски партнер,ние посакуваме слична позиција да има и во инвестициите во Република Македонија.

На средбата на министерот Глос со претседателот Црвенковски била отворена и темата за новата Балканска слободна трговска зона.Заеднички било констатирано дека тоа ќе придонесе не само за развој на економските односи меѓу Македонија и Германија,туку и на целиот регион.