1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија забележа рекорден извозен суфицит

Во екот на обвинувањата поради извозната моќ, Германија објави рекорден извозен суфицит: во септември извозот го надминал увозот за 20 милијарди евра.

Германскиот извозен суфицит во септември стигнана ново рекордно ниво. Трговското биланс е зголемен за 20,4 милијарди евра, во овој износ извозот го надминува увозот. Со ова салдо е надминат досегашниот рекорд од јуни 2008. година од 19,8 милијарди евра, соопшти Сојузната служба за статистика од Висбаден. Бројките можеби дополнително ќе ја разгорат контроверзната дебата околу силниот германски извоз.

Жалби од САД и ЕУ

Американското министерство за финансии пред неколку дена остро ја критикуваше концентрираноста на Германија врз извозното стопанство. Поплаки доаѓаат и од земји од ЕУ, дека Германија со својот трговски суфицит и слабата внатрешна побарувачка е совиновник за економската мизерија кај нив. Европската комисија ги повтори своите барања до германската влада за вложување поголеми средства во модернизирање на инфраструктурата и зголемување на платите во нископлатените сектори.

Додека извозот во однос на истиот месец лани се зголемил за 3,6 проценти, на 94,7 милијарди евра, увозот паднал за 0,3 насто, на 74,3 милијарди евра.

Зголемена побарувачка по германски производи

Побарувачката по германски производи расте во сите поважни светски региони. Германскиот извоз се зголемува најсилно во ЕУ-земјите со 5,4 проценти, додека во останатите региони бележи раст од 1,2 насто.

Во првите девет месеци годинава германските претпријатија продале производи во вредносен обем од 818 милијарди евраво странство, 0,9 проценти помалку отколку една година претходно. Браншата на извозниците во октомври ја коригираше прогнозата на пораст во Германија од првичните три проценти, на само еден процент.