1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија жали поради оставката на Келер

Партиите на владеачката коалиција и на опозицијата реагираа со жалење на оставката на германскиот претседател Хорст Келер. Ова е првпат избран претседател на Германија да се повлече од функцијата пред истек на мандатот.

default

Хорст Келер се повлече од функцијата вчера, 31.05.2010

Канцеларката Ангела Меркел беше видно изненадена од одлуката на претседателот на државата да се повлече од функцијата. Таа нагласи дека за неговата намера дознала само два часа пред објавувањето на одлуката и попусто се обидувала да го увери да ја повлече оставката:

„Мислам дека луѓето во Германија ќе бидат многу тажни поради оставката, бидејќи Хорст Келер беше претседател близок до обичните луѓе. Јас со него секогаш одлично соработував и тој за мене беше важен советник, особено во екот на економската и финансиската криза затоа што има толку богато меѓународно искуство. Неговиот совет секако ќе ми недостасува во иднина!“

И вице-канцеларот и шеф на германската дипломатија Гидо

Bundeskanzlerin Angela Merkel Rücktritt Horst Köhler

Ангела Меркел: Ќе ми недостига неговиот совет

Вестервеле изјави дека попусто се обидувал да го увери Келер да не поднесува оставка:

„Жалам поради неговата одлука од се’ срце, но мораме да ја прифатиме. Му се заблагодарувам на Претседателот за ангажманот за нашите граѓани во изминатите години.“

Крајот на Келер, крај на ЦДУ и ФДП?

За разлика од ваквата дипломатска изјава на „првиот дипломат“ во земјата, неговиот сопартиец и пратеник во парламентот, Јирген Копелин ги обвини партиите на опозицијата дека извршиле притисок врз Хорст Келер преку критиката што била под ниво. Така една од водечките фигури на Партијата на Зелените, Јирген Тритин го спореди Келер со еден од поранешните претседатели на Германија Хајнрих Либке, кој беше познат по неговите несреќни изјави. За претседателот на Залените, Џем Ездемир, оставката на Хорст Келер е сигнал дека актуелната владеачка коалиција во земјата ја нема повеќе поддршката од населението:

„Изборот на претседателот се сметаше за предвесник на црно-

Politik SPD - Sigmar Gabriel

Зигмар Габриел: Не многу среќна изјава на Келер, но сепак недоволна за оставка

жолтото мнозинство на сојузно ниво. Крајот на претседателот Хорст Келер, од друга страна, е сега предвесник на крајот на владеењето на црно-жолтата коалиција меѓу ЦДУ и Либералите.“

Грабриел: Несреќната изјава не е доволна причина за оставка

Претседателот на опозиционата Социјалдемократска партија Зигмар Габриел изјави дека имал почит за Келер како претседател на земјата и како личност. Изјавата дека ангажманот на армијата во странство и надворешната политика на Германија треба да им служат на германските стопански интереси не била многу среќна, оцени Габриел, но тој не би ја сметал за доволна причина за оставка. Оставката на претседателот на државата може да се толкува само како резултат на недоволната поддршка за Хорст Келер од партиите на власт, нагласи Габриел.

Мачката излезе од вреќа

Партијата на левицата, пак, оцени дека Келер само ја изговорил вистината, која сите ја премолчувале:

„Тој ја пушти мачката од вреќата и зборуваше за причините зошто навистина се водат војни. Тој впрочем го кажа само она што стои запишано и во коалициониот договор на ЦДУ и на Либералната партија, имено дека надворешната политика треба да им служи на германските економски интереси“, нагласи пратеничката на Левицата, Гезине Леч. Таа уште порача дека се надева оти оставката на Хорст Келер ќе предизвика потемелна дебата околу целите што треба да ги следи германската надворешна политика.

Автор: Бернд Греслер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема