1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познатите за толеранција во Германија

Силвија Васерман/бг31 август 2015

Протести и напади се доминантните теми во печатот кога се работи за проблемот со бегалците. Дојче веле организираше акција со проминенти личности во борбата за разновидност и толеранција во Германија.

https://p.dw.com/p/1GOPj
Фотографија: DW/Müller

Славните личности во Дојче веле. Ние сме Германија, тоа е мотото на подиумската дискусија во Министерството за надворешни работи. Германија значи разновидност, сметаат:

Гералд Асамоа, поранешен член на националната фудбалска репрезентација, роден во Гана или Ениса Амани, германска модераторка со иранско потекло.
И комичарот Абделкарим е роден во Германија, но неговите родители се од Мароко.

Целото видео погледнете го тука:

Познатите за толеранција во Германија

„За жал во последно време е забележливо дека не им е на сите јасно дека Германија е разновидна, дека мора да се помогне и дека не смее да има стереотипи“, вели Абделкарим.

„Ова е нов свет, со нови структури. Постојат луѓе кои имаат повеќе татковини, има луѓе кои имаат повеќе државјанства, затоа што така веројатно мора да биде. И тоа треба да се прифати, така како што е. Тоа ја унапредува културата и тоа е една убава нова слика“, вели Амани.

„Јас сум Германец, се чувствувам германски, иако можеби не изгледам така, но сепак така се чувствувам. Оттука е јасно зошто сум дел од оваа акција“, вели Асамоа.

Од пред половина година во земјата и во странство, преку акцијата „Ние сме Германија“, Дојче веле промовира разновидност и толеранција. Проект во кој може да учествува секој кој сака да даде пример, како олимписката победничка Катарина Вит.

„Да покажеме дека Германија е толерантна земја, дека ние сме толерантни луѓе, дека сме разновидна земја, дека во тоа го гледаме нашето богатство“, вели Катарина Вит.

Дојче веле сака да стимулира повеќе толеранција. Со јасно однесување и јасни зборови.