1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија е светски првак во ракомет

Репрезентацијата на сојузниот тренер Хајнер Бранд во финалето ја победи Полска со 29 спрема 24. По 1938 и 1978 година, германскиот тим по третпат ја освои титулата. Златните медали на германските репрезентативци им ги предаде сојузниот претседател Хорст Келер. Синоќа играчите се запишаа во златната книга на Келн, додека околу 30 илјади навивачи урнебесно ги поздравија, славејќи ја титулата до доцна во ноќта:

Радост без граници: германските ракометари во славеничка треска

Радост без граници: германските ракометари во славеничка треска

Вистина се случи: Германија повторно ја освои титулата светски првак во ракомет. Во финалето во преполната Келнарена беше победена Полска со 29 спрема 24:

„Ако сум искрен пред три недели сметав дека не е можно она што се случи. Имавме многу проблеми, но турнирот така се одвивавше што дури подоцна сфатив, а екипата ми направи толку задоволство. Патем имавме и малку среќа што е неопходна„.

Сојузниот тренер Хајнер Бранд со оваа анализа го изрази она што многумина го чувствуваа – на титулата малку кој сметаше.

Голманот Јоханес Битер по финалето со оценка за успехот:

„Мислам дека за време на овој турнир развиваме таква волја што ниту во еден момент не заборавивме да веруваме во себе и кога имавме само еден гол предност, бев сигурен дека сме доволно силни да победиме„.

Германската канцеларка Ангела Меркел од нејзината турнеја по Блискиот исток на германската репрезентација и упати лична честитка:

„Најнапред и честитам на германската екипа. Мислам дека се надмина себе си. На сите навивавчи им приреди голема радост и доби нови приврзеници за овој спорт. И иако се ноаѓам далеку од дома, срдечни честитики и се најдобро„.