1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија е светски првак во извоз во 2004

Сега и официјално: Германија е светски првак во извоз за 2004 година. Точно 10 насто повеќе од рпетходнат, односно 730,9 милијради евра. Увозот достигна 574, па така извозниот ќар со преку 156 милијарди евра го надмина досегашниот рекорд од 2002.

Е, па убаво: Германија повторно е светски првак во извоз. Според тоа светот е О.К. “Мејд ин Џермани“ се бара во странство како никогаш порано, иако тоа не е баш точно зашто 40 насто од полупроизводите доаѓаат од странство. Сепак тоа е странична појава. Многу поважно е прашањето колку вреди една таква титула. “Од онаа страна на Рајна извозот е на највисоко ниво, а вработеноста на најниско“ напиша францускиот весник “Л’Трибин“ и со право прашува дали тоа не е парадокс.

На прв поглед е така, но противречноста меѓу достигањата и вработувањето може да се објасни. Во празните со луѓе, чисти фабрички хали, процесите се оптимирани и управувани од компјутери кои произведуваат прекрасни стоки, а сепак има се помалку луѓе кои имаат работа и приходи за да ги купуваат тие прекрасни нешта. Техничкиот напредок и порастот на производството ги уништуваат старите професии, но создаваат подеднакво толку нови, барем така мислевме и со децении бевме мирни. Меѓутоа, ова правило очигледно веќе не важи. Техничкиот напредок и порастот на производството во меѓувреме достигнаа таков квалитет, што веќе не е потребна човечката работна рака. Во САД и Велика Британија оваа вистина се прикрива козметички. Се охрабруваат потрошувачите да се задолжат преку уши. Купувај, купувај, купувај – побарувачката мора да е добра, инаку фирмите веќе нема да инвестираат и ќе се наруши циклусот на конјунктурата.

Германците не обрнуваат внимание на ваквата козметика. Тие штедат. Тие се оптоварени од стравот од иднината и од стравот од загуба на работното место. Германците се светски прваци во извозот и имаат пет милиони невработени. И штедат. Стапката на заштеди е зголемена за 10,9 насто, најмногу во последните 20 години. Дали е тогаш чудно што приватната потрошувачка не сака да порасне? Како и да е, на крајот пародоксот не е парадокс. Парадокс е тоа што во Германија и покрај јасните симптоми се проповеда сосема погрешна терапија: работи подолго и биди задоволен со помалку пари. Титулата светски првак ќе ја покрие прав, а проблемите на вработените не!