1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија е привлечна за странските гости

Силното евро многумина туристи во иднина би можело да ги спречи нивниот одмор да го минат во Германија. Луѓето од неевропските земји за да ја посетат земјата, мораат длабоко да брцнат во нивните паричници.

default

Во Германија има што да се посети и да се види

Се чини дека скапото евро сепак се уште не е пречка. Германија станува се попопуларна како туристичка дестинација - констатира Германската централа за туризам во Франкфурт. Откријте ги убавнината и романсата во Германија, се вели во малиот рекламен спот што на интеренет го објави Германската централа за туризам.

Класиката и романтиката како магнет за туристите

Заедно со класична камерна музика се прикажуваат замоци и тврдини за посебно Американците и Британците да ги препознаат германската убавина и романтика, вели Петра Хедорфер од туристичката централа: „Желбата за посета на Германија во споредба со развојот во светот, како и според динамиката, е над европскиот просек„.

Секоја година од сојузните средства се одделуваат околу три милиони евра за реклама во странство. Кога се размислува за патување во некоја земја, главно се мисли дека тоа би биле Италија, Шпанија или Франција.

Фудбалското првенство го поправи имиџот на Германија

Меѓутоа, за многумина странци Германија е на првото место во Европа, вели Хедорфер: „Германија вистина се искачи уште едно место нагоре. Мислам дека станува збор за долгорочност на промената на имиџот што го постигнавме во минатата година преку светското првенство во фудбал, како и другите фактори што придонесоа за тоа.“

Но, Германците сами се светски прваци во патувања и кога станува збор за држава каде што би го минале одморот првенствено размислуваат за Средоземјето: „Германија е најголемиот пазар кога станува збор за патувања во странство. Во 2006 година со 74 ипол милиони патувања во странство, овде вистина имаме светски пазар.“

Пораст на домашниот туризам

Сепак, многумина одморот го минуваат дома. Во минатата година е констатиран јасен пораст, додека патувањата во странство стагнираат. За три проценти порасна и бројот странски гости, па се очекува така да биде и во 2007, вели Хедорфер: „До октомври имавме милион и 400 илјади повеќе ноќевања. Сосем е јасно дека станува збор за зголемен волумен.“

Во секој случај, туризмот во Германија и во идната година се очекува да остане успешна приказна.

Поврзана содржина