1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија е заинтересирана за позитивен развој на Македонија

Македонскиот премиер Никола Груевски во Берлин беше примен од германската канцеларка Ангела Меркел

Меркел-секој постигнат резултат ќе биде охрабрен

Меркел-секој постигнат резултат ќе биде охрабрен

На Германија и се презентира македонска влада на млади политичари,школувани во странство, полни со нови идеи и желби за просперитет . Не случајно иѕборот на првата билатерална посета е Германија Премиерот Никола Груевски со тоа постави сигнал на својата надворесна политика .Во истовреме тоа беше и ѕнак на благодарност за подрската на германските христијански партии ЦДУ и ЦСУ како и на фондацијата Конрад Аденауер за помошта да се стигне на власт.Значењето на Германија е дотолку поголемо зашто земјата од 1-ви јануари 2007 ќе биде претседавач на ЕУ. Груевски ѕнае да ја цени досегашната подршка на Германија и амбициоѕно бара во 2007 година да се каже конкретен датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Македонија .

Македонија има големи очекувања од претседателствувањето на Германија со ЕУ

„Ние имаме исто така големи очекувања од наредното претседателствување на Германија со ЕУ,веруваме дека и во тој дух ќе ја имаме нивната поддршка на нашиот пат кон ЕУ.Исто така сакам да кажам дека ние како нова влада сме цврсто детерминирани во правец на тоа да направиме прогрес во нашата држава во правец на реформите и тоа да обезбедиме мултиетничка стабилна демократија,да обезбедиме функционална пазарна економија,да обезбедиме посилен економски развој во државата“рече Груевски.

Двата милиона Македонци, смета Груевски ,не можат да ја преоптоварат заеницата ,но Брисел конечно би требало да даде знак на подршка за спроведените реформи.Тоа би било добро и за другите од Западниот Балкан .

Од своја страна канцеларот Ангела Меркел не можеше да говори за конкретни термини но вети дека Германија ке направи се за Македонија да може да оди по добар пат во својата иднина.

„Се радувам што премиерот на Македонија е кај нас а посебно што ова е негова прва посета по победата на изборите.Германија има интерес за позитивен развој на Македонија , Германската армија,Бундесварот и помогна на земјата на патот кон стабилна иднина “

Меркел ја охрабри делегацијата на млади македонски политичари ,некои од нив школувани во САД и Германија , дека секој постигнат реѕултат ке биде награден.Не само за Македонија туку и ѕа Албанија и Хрватска Груевски бара приѕнание за стореното за да се одржи стабилноста во регионот но и за учеството во мриовните мисии.Тоа би требало да биде хонорирано и во ноември на самитот во Рига кога би се дал знак за проширување.

Македонија треба да ги исполни бараните услови

На разговорите Груевски/-Меркел се говореше и за либерализација на визниот режим. Меркел по потекло од Источна Германија знае што значи слобода на движење. Таа сака да помогне но претходно би требале да бидат исполнети технички услови.Македонија воведува нови модерни пасоши по европски терк , комјутериѕирана мрежа за контрола на границите . Се очекува и договор за реадмисија со ЕУ како целина а не како досега поединечно со секоја земја.

За Косово двете страни имаат сличен став; Што поскоро решение за статусот на Косово зашто секое одолговлекување крие во себе риѕик . Но сепак одлуката треба да биде донесена мошне претпазливо. И за конфликтите меѓу албанските партии во Македонија станало збор на средбата . Македонската страна образложила дека се работи за цврст ривалитет кој во себе не крие кризен потенцијал.

Оваа прва посета на новата македонска влада на Германија сепак е со акцент врз економијата. Н е случајно се испланирани мнопгубројните средби со стопанственици и предавање во Германската индустриска и трговска комора.Македонија со даночна стапка од само 10 проценти нуди во Европа поволни услови за иинвестирање. Груевски најави многу нови мерки, говореше конкретно како земјата да стане попријатна за инвестиции.Како традиционален пријател и партнер Македонија од Германија очекуваат идеи и пари .А дали ке ги добие и што ке знае да направи од тоа ке покажат резултатите . Новата македонска влада сака да се мери само според стореното.