1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија е една од најбезбедните земји во светот!

Bо вториот периодичен Извештај за безбедносната состојба во Германија, кој денес беше презентиран пред владата, а потоа и пред јавноста се тврди дека земјата е една од најбезбедните во светот! На прес конференцијата збор имаа министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле и за правда Бригите Циприес. Станува збор за студија за криминалот во Германија од летото 2001 до годинава, која ја изработи гремиум во со

Анти терор датотеката неопходност! - смета министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле

Анти терор датотеката неопходност! - смета министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле

став на претавници oд науката, статистиката, министерствата и други експрти.

Политички мотивиран криминал и тероризам, насилство, имотни, сообраќајни и деликти од сферата на стопанството, животната средина и корупцијата.. .Тоа се сферите кои се обработени во документот од 600 страници со кои научниците и експерите се обидоа да расветлат некои нејаснотии врзани за безбедноста и криминслот во последниве 6 години во Германија.

"Никого нема да изненади што дел од Вториот периодитчен извептај се занимава со тероризмот. Германија е дел од загрозениот простор и тоа го поптврдија и двата случаи со куферите бомби на железничките станици "потсети министерот за внатрешни раборти Волфганг Шојбле подвлекувајќи го значењето од будноста, навременотото реагирање и создавање на антитерор датотека. Сепак тој заклучи дека внатрешната безбедност во Германија споредено на меѓународно ниво,е многу голема. Германија е една од најбезбедните земји во светот. Пред неа, како што се вели во извештајот се Швајцарија, Австрија и Франција.

Во извештајот се вели дека пораст од 18 проценти има кај насилствата, кај кои преовладуваат грабежите и опасните и тешките телесни повреди. Ова кажува дека во општеството е во пораст подготвената за насилство, но како вели министрката, Циприес податоците говорат и дека луѓето не се толку толерантни како порано и случаите ги пријавуваат. Високата бројка според неа е дновремено е резултат и на промените во регулативата. Таа имаше забелешки на третирањето на убиствата на деца од сексуални побуди од страна на медиумите

"Претставата кај граѓаните е дека станува збор за голем број случаи. Всушност од 2002 секоја година се регистрирани меѓу 2 и најмногу 5 вакви случаи. Иако и малиот број е страшен, сепак, не станува збор дека има пораст на овој вид убиства" вели Циприес подвлекувајќи дека има да соопшти и една добра вест - сообраќајните несреќи предизвикани од лица под дејство на алкохол се намалени за 50 проценти и тоа во периодот 1995 - 2004.