1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија е единствена евро-држава меѓу најконкурентните

Листата на десетте водечки земји во светот според критериумот конкурентност ја предводат Хонгконг, САД и Швајцарија. Единствена од евро-земјите во лигата на најдобрите е Германија.

default

Во студијата на ИМД (International Institute for Management Development) од Швајцарија, Германија ја поправи својата позиција - минатата година беше на 10-тото, а годинава на 9. место на листата на најконкурентни земји. Нејзини добри страни се добро обучените работници, политичката стабилност и добрата инфраструктура, а пофалена е и „културата во истражувањето и развојот“, високот образовно ниво и ефективното правосудство. Даночниот систем, наспроти тоа, има минус, а бизнисмените од цел свет исто така немаат високо мислење за ставот на Германците, кој го оценуваат како недоволно отворен и позитивен. За да го задржи своето место на листата, Германија мора да совладува големи предизвици, тврдат авторите на студијата. Тука се вбројуваат стабилните државни финансии и подобрената енергетска инфраструктура. Мора да се избегне и недостиг на стручњаци.

Podest Medaillenträger Sport

Хонгконг, САД и Швајцарија се на првите три места

На листата на десет најдобри, покрај првата тројка - Хонгконг, САД и Швајцарија, се уште и Сингапур, Шведска, Канада, Тајван, Норвешка и Катар. многу земји годинава имаат послаби места отколку лани. Така, Грција од 59-те земји кадешто е направено истражување, се наоѓа на претпоследно место, пред Венецуела. Шпанија е падната на 39. место, а зад нејзе се Италија и Португалија.

ИМД прави листа под името „World Competitiveness Yearbook“ од 1989 година наваму. Притоа се сондира мислењето на 4200 бизнисмени во светот кои работат во меѓународни рамки. Земјите се вреднуваат според околу 300 критериуми.