1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија е европски шампион

Германските фудбалерки успеаја да ја одбранат титулата. Во финалето на Европското првенство во Финска, синоќа германската репрезентација го победи тимот на Англија со 6 спрема 2.

default

Раширени раце, одушевени извици, во Хелсинки владееше вистинска радост, германските фудбалерки покажаа дека се најдобри на континентот.

Натпреварот го следеа и германскиот претседател Хорст Келер, министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле и претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Тео Цванцигер:

„Она што овде се случуваше во второ полувреме, таа играчка страст и глад за голови, тоа е прекрасно. Сите знаат дека ја сакам оваа екипа, со секој гол уште повеќе.“

Задоволна беше и Биргит Принц, капитенот: „Крајниот резултат мислам дека излезе малку повисок. Англичанките беа добри, но на крајот ние бевме тие што победивме.“

Автор: Оливија Фриц / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска