1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија: Елдорадо за перење пари?

Оној што заработува многу пари, но сака да плаќа мал данок, се крие во даночните оази. Како на пример Германија каде властите имаат големо разбирање за луѓе кои се многу креативни во прикривањето данок

Германија е во светскиот врв. Германците со задоволство слушаат вакви информации, не само кога е во прашање фудбалот, кога продаваат автомобили или машини. Но објавената анализа на Даночната праведна мрежа (Tax Justice Network- ТЈН) за светските даночни раеви ја става Германија исто така при врвот: на осмото место, пред оази како британскиот остров Џерзи или Панама. Неспорен лидер е Швајцарија.

Даночната праведна мрежа е меѓународна невладина организација, која ги следи светските текови во оданочувањето и известува за неправилностите. Во 2012, на пример, беше пресметано дека во светски рамки годишно се прикрива данок во вредност од 280 милијарди евра.

Леснотија на прикривање на добивките

Во годинешната ранг-листа на најуспешните даночни оази, невладината организација пресметала во која земја е најлесно да се сокрие потеклото на парите. Оваа инфраструктура на даночните измами од ТЈН ја пресметале во содејство со значењето на една земја во меѓународното перење пари. Високата

Porträt - Markus Meinzer

Маркус Мајнцер

позиција на земји како Германија, САД и Јапонија се должи на нивното значење за светската економија.

Маркус Мајнцер од секретаријатот на ТЈН е еден од коавторите на студијата. Тој смета дека за високата позиција на ранг-листата, Германија треба да и „заблагодари“ на леснотијата со која можат да се прикријат добивките. Така на пример, годишните пресметки на компаниите не секогаш мораат јавно да се обелоденат во нивните годишни извештаи. Постои посебна клаузула, која го овозможува тоа.

Тоа доведува до тоа, да не се знае точно што работат тие фирми во Германија, колкав приход имаат, и колкав данок плаќаат“, вели Мајнцер. Во други земји тоа не е случај, бидејќи таму властите сакаат да видат јасна слика за работата на една компанија.

Тоа не само што овозможува прикривање на добивките и заработката, туку и криење на потеклото на парите. „Компаниите не мораат да објаснуваат кој е вистинскиот сопственик во позадината. Од тоа профитира организираниот криминал“. Експертите проценуваат дека во Германија годишно „се перат“ меѓу 29 и 57 милијарди евра „црни пари“. Од тоа профитираат мафијашки организации, корумпирани политичари и диктатори.

Но дали Германија е навистина даночна оаза? Рај за криминалци, измамници и мафија? Томас Ајгенталер од Германската даночна унија тоа не би го формулирал на тој начин. „Не може да се зборува за вистинска оаза. Ние имаме, така да речам, индиректни празнини, кои можат да се злоупотребат“.

Политичка хипокризија

Овие празнини се појавуваат, меѓудругото, и поради недостатокот на персонал

Symbolbild Kanton Zug Steuerparadies

Швајцарија е на првото место на светските даночни раеви

во државните финансиски и даночни служби. Ако се земе предвид дека само германските банки успеале да ја излажат државата при оданочувањето на капиталните добивки за повеќе од десет милијарди евра, јасна е неефикасноста на даночниот систем. Или примерот на функционерот на Бајерн Минхен Ули Хенес кој успеал да сокрие повеќе милиони евра добивка, станува јасно дека тоа е само врвот на проблемот. Финансиските инспекции со повеќе персонал веројатно би откриле повеќе вакви случаи.

Поранешниот министер за финансии Пер Штајнбрик ги разлути Швајцарците со барањето да добие увид во нивните банкарски тајни. Таму, според министерот, беше леглото на германската даночна евазија. Според извештајот на ТЈН, Швајцарија е даночен рај број 1. во светот, но ниту Германија не е многу подобра.

За Маркус Мајнцер, гестовите како оној на Штајнбрик се хипокризија. Од една страна, политичарите бараат пристап до информациите на даночните оази, но од друга, ги блокираат реформите кои ќе овозможат подобра контрола на работењето. И Томас Ајгенталер ги смета реакциите на некои политичари за дволични. Токму законодавството го овозможува прикривањето данок. Со различните даночни закони во Европа, на компаниите и на големите заработувачи им се овозможува да го избегнуваат плаќањето на данок. Особено големите меѓународни компании имаат безброј можности за тоа.