1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија драстично ќе ја зголеми помошта

Германската влада на денешната вонредна седница, според сите очекувања, драстично ќе ја зголеми помошта за земјите во Јужна Азија погодени од катастрофалните поплави. Ова во интервју за АРД синоќа го најави и германскиот канцелар Герхрад Шредер. Тој не ги потврди шпекулациите дека станува збор за 500 милиони евра, но не ги оцени како погрешни.

Според Шредер, во подрачјата зафатени од катастрофата сега е потребен долгорочен ангажман:

“Досега ставивме на располагање 20 милиони евра за итна помош, значи за ублажување на непосредните последици, но сакаме и долгорочно да се ангажираме. Ќе му изнесам предлог на кабинетот со кој ние долгорочно би помагале и таа сума треба да биде значително над онаа што ја понудивме досега“.

Според Шредер, вода за пиење мора да се обезбеди долгорочно, како и да се обезбеди здрава храна за луѓето, подеднакво како и пристап до училиштата за децата.

Инаку, бројот на загинатите и повредени Германци во катастрофата не е променет, изјави државниот секретар во министерството за надворешни работи Клаус Шариот по седницата на кризниот штаб во Берлин. Добра вест спред него е што бројот исчезанти се намали, иако и натаму е над илјада.

Хуманитарната помош и соработката со хуманитарните организации се одвива непречено, оцени Шариот. Ова го потврдуваат и Греманскиот црвен крст и орагнизацијата за помош при глад. Сепак претседателот на Црвениот крст Рудолф Зајтерс смета дека координацијата на помошта има и недостатоци:

“Во наредните недели сигурно ќе разговараме каде можеме да ја подобриме. Има многу акции кои мислат добро, но не сите се добро усогласени, па ја отежнуваат работата“.

Јоахим Милер, шеф на помошта на Црвениот крст за Азија тоа го потврдува од искуствата на теренот:

“Има делови, на пример во Шри Ланка, кои се преобезбедени, и други, како во Индонезија до кои помош воопшто не е стигната“.

Вкупно германскиот цврвен крст од донации од граѓаните доби 22,4 милиони евра, што е рекорд, изјави Зајтерс кој им се заблагодари на Германците.