1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија го доживува најголемиот штрајк на железничарите досега

Нарушен железничкиот и трамвајски сообраќај. Милиони луѓе не можат да стигнат на работа. Со часови се чека на температури под нула. Спорот меѓу раководството на железницата и синдикатот на машиновозачите и натаму отворен

default

Ќе се појави ли возот воопшто? Детал од железничката станица во Кил

Штрајкот со кој претходно беше зафатен и во голема мера нарушен товарниот железнички сообраќај, од два часот ноќеска е проширен и врз патничкиот сообраќај. Големи нарушувања во регионалниот сообраќај има пред се’ во источниот дел на земјата, каде вози само една десетина од возовите. Во западниот дел отпаднаа половината од возовите предвидени со редовниот возен ред.

Подобра е ситуацијата кај возовите на долги релации, вели Карл-Фридрих Рауш, во Управниот одбор на Германската железница надлежен за патничкиот сообраќај: „Очекуваме дека две третини од возовите на долги релации ќе сообраќаат. Но, ќе ангажираме и автобуси, на пример од Берлин до Дрезден, Котбус или Франкфурт на Одра. Во регионалниот сообраќај, пред се’ во источните покраини Мекленбург Предна Померанија и Бранденбург, сообраќаат само 10 до 15 насто од возовите. Во цела Германија планиравме за регионалниот сообраќај да ангажираме околу 450 автобуси како замена за возовите“.

Алтернативниот план на железницата не функционира најдобро

Железницата подготви план за ублажување на состојбата, но според првичните информации, тој не функционира онака, како што беше најавено. Големи нарушувања има и во трамвајскиот сообраќај во Штутгарт, Франкфурт на Мајна, Берлин и Хамбург.

„Штрајкот започна според планот. И покрај вонредниот план на железницата, ќе има значителни последици“, оцени претставник на организаторот на штрајкот - синдикатот на машиновозачите.

Штрајкот во патничкиот шински сообраќај ќе трае 48 часови. Од вчера изутрината околу илјада машиновозачи не ги ставија во погон товарните возови – и овде штрајкот ќе трае до сабота изутрината во два часот.

Штетите големи, спогодба не е на повидок

Штрајкот со кој машиновозачите бараат покачување за речиси една третина на платите кои сега изнесуваат само околу две илјади евра бруто, ќе предизвика големи штети во стопанството, на што предупредија и здруженијата од стопанството. Изутрината е откажана утринската смена во фабрика на Ауди во Брисел, оти поради штрајкот нема дотур на делови за монтажа на возила.

Раководството на железницата досега ги одбива барањата на синдикатот на машиновозачите. Сојузната влада му укажа на синдикатот на „големата одговорност“ и со тоа индиректно му даде подршка на раководството на железницата. Се очекува за ситуацијата денеска да расправа Надзорниот одбор на Германската железница.