1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија во шок, Балак не може на СП

Веста од која стравуваше целата земја пристигна. Капитенот на фудбалската репрезентација Михаел Балак нема да може да игра на ФИФА-СП. Повредата што ја стекна во финалето на Купот на Англија се покажа како фатална.

default

Михаел Балак беше видливо разочаран по лекарските прегледи во Минхен

Капитенот на германската фудбалска репрезентација, 33 годишниот Михаел Балак нема да учествува на претстојното Светско првенство во Јужноафриканската Република, поради повреда, соопшти претпладнето Фудбалската федерација на Германија. Се покажа дека повредата која Балак ја стекна за време на настапот за неговиот клуб Челзи во финалето на ФА купот на Англија против Челзи е многу сериозна.

Балак: „Лут сум и разочаран“

Superteaser NO FLASH Ballack fällt für die WM aus

Михаел Балак

Фудбалската федерација објасни дека повредени се лигаментите на десниот скочен зглоб и оти Балак најнапред четири недели ќе мора да носи гип, а ќе може да започне да тренира дури по осум недели. Но дотогаш Светското првенство веќе ќе биде во полн ек. Видливо шокиран по специјалистичкиот преглед кај репрезентативниот лекарт Ханс Вилхелм Милер Волфарт во Минхен, Балак изјави: „Кога две, три недели пред едно СП ќе се добие ваква дијагноза, тоа е горчливо“. Повредата на Балак дојде по стартот врз него во 35 минута од натпреварот, од страна на играчот на Портсмут Кевин Принц Боатенг, кој инаку настапува за Гана противникот на Германија во групата на СП. „Се разбира дека сум лут, тоа е сосем јасно. Ова е разочарувачки. Но не сакам сега така да размислувам. Тоа е фудбал. Такви работи се случуваат и мора да се оди натаму“.

Не може да стане збор за резигнација

Joachim Löw und Michael Ballack

Михаел Балак со селекторот Јоаким Лев

Михаел Балак сепак најави дека ќе замине во Сицилија да се сретне со своите соиграчи во репрезентацијата, кои таму под раководство на селекторот Јоаким Лев, се подготвуваат за Мондијалот. Во првата реакција за веста за отпаѓањето од составот на водечкиот играч Лев истакна: „Нормално дека сме шокирани. Сите сме многу тажни поради тоа. Михаел Балак е еден многу, многу важен играч за нас, капитен и нормално играч од светска класа.“

Селекторот засега нема да номинира никого на местото на Балак и порача: „Од друга страна за нас сега е важно да собереме сила и да гледаме напред. Кај нас не може да стане збор за никаква резигнација“, рече Лев.

Покрак сојузниот селектор, речиси сите што нешто значат во германскиот фудбал веќе изразија жалење што Балак нема да може да ја предводи репрезентацијата до посакуваниот четврти триумф на Мондијалите. Тоа е впрочем и централна вест во германските медиуми.

Автор: СН/АТ/дв/дпа

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина