1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија во трка само за бронзениот медал

Женските ракометни репрезентации на Шпанија и на Норвешка играат во финалето на ЕП во Македонија. Шпанија во вчерашниот полуфинален натпревар ја изненади фаворизираната Германија и извојува победа со 32:29 .

default

Германките во малото финале играат со Русија

Во вториот полуфинален натпревар екипата на Норвешка оствари убедлива победа против Русија со 24:18.

На петтото место првенството го заврши Романија, откако ја совлада Хрватска со 36:33 дури по продолжение. Во регуларните 60 минути беше 29:29.

За домаќинот Македонија првенството заврши уште во четвртокот со освојување на седмото место, што е досега најдобар пласман на евро шампионатите.