1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија во Советот за човекови права

Германија вчера е избрана за членка на новоформираниот Совет за човекови права на Обединетите нации. За неа гласаа 154 од вкупно 191 земја-членка на светската организација, што е најдобриот резултат за кандидат од таканречената „западна група„.

ОН

ОН

Од неа се избрани уште Франција, Велика Британија, Швајцарија, Холандија, Финска и Канада. Во групата азиски земји се избрани и Кина, и Саудиска Арабија. Членки се и Куба и Русија. Иран и Ирак не минаа. Задача на новиот совет е контролата на почитувањето на човековите права во целиот свет и интервенција во случај на нивно прекршување:

„Секако работевме многу за нашата кандидатура, но не очекувавме да добиеме толкаво мнозинство„, беше среќен Гинтер Плојгер непосредно пред крајот на неговиот мандат како германски амбасадор во Обединетите нации:

Соедиентите Американски Држави на премиерата на овој совет се откажаа од кандидатура, откако Вашингтон во март гласаше против наследникот на поранешната комисија за човекови права која падна во немилост:

„Тоа што Соедиентите Американски Држави се откажаа на почетокот да се стават на гласање, со ризик да не добијат доволно гласови, секако беше мудра одлука„, проценува германскиот амбасадор Плојгер.

Мудра беше и одлуката на еден голем број членки на светската организација кои несе кандидираа за новото тело од 47 држави, поради големите критики на кои беа изложени од страна на „Хјуман рајтс воч„. За директорот на оваа организација Кенет Рот ова е првиот доказ за влијанието на оваа прва реформа во Обединетите нации:

„Ги нема веќе Судан, Либија, Зимбабве, Етиопија, Сирија, Виетнам и други„.

За Кенет Рот е успех што отпаднаа Иран или Венецуела. Против Саудиска Арабија или Русија не можеше ништо да се направи.

Претседателот на Генералното собрание Јан Елијасон спокоен. Тој укажува на правилата на новиот совет кој може да ги отповика членките ако ги прекршуваат човековите права во сопствената земја:

„Ова е огледало на Обединетите нации. Мислам дека е важно што сите нови членки се обврзани на почитување на човековите права, дека ги прифаќаат и дека за време на членството ќе биде проверуван нивниот биланс во почитувањето на човековите права„.

На 19 јули во Женева новиот совет ќе го одржи првото заседание. Максималниот мандат на членките во овој совет е шест години.