Германија во потрага по селектор | Теми | DW | 06.07.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија во потрага по селектор

Германската фудбалска федерација, на вчерашната итна средба, не успеа да пронајде конкретно решение за селекторската позиција, по оставката на Руди Фелер. Европските шампиони, репрезентацијата на Грција, вчеравечер, се вратија дома како херои пречекани од илјадници навивачи

Кој ќе ги предводи во 2006?

Кој ќе ги предводи во 2006?

Германската фудбалска федерација, вчеравечер, формира четворочлен комитет, на чело со Франц Бекенбауер, кој треба да го најде вистинскиот кандидат за селекторското место, откако по неуспехот на ЕП, Руди Фелер поднесе оставка.

Отмар Хицвилд, кој во мај доби отказ од тренерската функција во минхенски Баерн, заради приватни работи, не ја прифати понудата да застане на чело на тимот, кој треба да се подготвува за претстојното СП во 2006 во Германија.

Јунакот на ЕП , Ото Рехагел, германските медиуми веќе го повикаа да се врати дома. Дневниот весник Билд, на насловната страница, објави голема слика на тренерот на европските шампиони, насловена како ,Кралот на Европа.

Претседателот на грчката фудбалска федерација, веќе изјави дека Ото, останува тренер на Грција до 2006 и за тоа нема никаква дискусија. Во игра за наследник на Фелер, влегува и Лотар Матеус кој во моментов е тренер на Унгарија. Тој можеби и би прифатил, но има скромно тренерско искуство.

Шпекулациите отидоа дотаму, што веќе се зборува, дека Германија е можно да ангажира странски тренер. Во оптек е ставено името на Гус Хидинк од ПСВ Ајндховен, кој во 1988 и 2002 година со Холандија и Северна Кореа, стигна до полуфиналните мечеви, како и Данскиот селектор Мортен Олсен.

Европските шампиони, како херои беа пречекани од страна на илјадници навивачи, кои долго ја прославуваа титулата. Навивачите своите миленици ги пречекаа, на Олимпискиот стадион во Атина. Шампионите ги пречека грчкиот министер за спорт, Јоргос Офранос со зборовите, ви благодарам што го остваривте нашиот сон, не направивте горди.

Техничката комисија на УЕФА, за најдобар играч на првенството го прогласи капитенот на Грците, Теодорс Загоракис. Стрелецот на голот во финалниот меч, Каристеас, од матичниот клуб, шампионот на Бундеслигата Вердер од Бремен на поклон доби продолжен одмор.

Португалскиот претседател, Хорге Сампајо, со солзи во очите на репрезентативците и тренерот Луис Фелипе Сколари им додели Ордени за храброст, прогласувајќи ги за херои за пласманот во финалето на ЕП.