1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија во полуфинале

Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија ги доби двете полуфинални двојки. Германија- Франција и Полска- Данска кои во четврток ќе се борат за пласман во големото финале. Светскиот првак Шпанија синоќа во Келн не го издржа притисокот од одлично расположените германски играчи и публиката која до последен момент ги бодреше своите миленици

default

Германскиот национален тим синоќа во Келн во извонредно возбудлив натпревар го елиминираше актуелниот светски првак репрезентацијата на Шпанија совладувајќи ја со 27:25. Германците доминираа речиси за време на целиот натпревар во кој го диктираа темпото и одржуваа постојана предност од еден или два гола.

Плејмејкерот Михаел Краус по натпреварот не можеше да ја сокрие својата голема радост:

„ 19.000 публика, вакво нешто неверојатно досега не сум доживеал. Тоа не понесе од правта минута тие стоеа пред нас дури и кога резултатот беше изедначен. Мислам дека само со нивната поддршка повторно остваривме водство. Имаме голман од светска класа, Хенинг Фриц, а во нападот ја покажавме неопходната дисциплина„

Најдобар на натпреварот со шест постигнати голови беше Торстен Јансен. Тренерот Хајнер Бранд по натпреварот изрази задоволство:

„ И Јас имам зошто да се радувам. Пред две недели не можевме да предвидиме дека ќе се најдеме во полуфиналето„ Рече Бранд и додаде:

„ Тимот сака да постигне многу и работи во таа насока, затоа и така се одвиваат работите„ рече германскиот селектор

Во останатите четфртфинални дуели: Олимписките победници Хрватска беа поразени од европскиот првак Франција со 21:18. Данска дури во продолженијата славеше против Исланд 42:41. Полска која беше во иста група со Германија во Хамбург ја совлада Русија минимално со 28:27

Инаку вчера се одиграа и неколку натпревари од фудбалската Бундеслига. Актуелниот шампион Баерн во Минхен разочара во дуелот против Бохум. Натпреварот заврши без голови. Волфсбург дома против Ајтрахт Франкфурт одигра 2:2, Штутгарт- Арминија Билефелд 3:2, Борусија Менхенгладбах Нирнберг 0:0