1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија воведува патарина за товарните возила

Од 1 Јануари наредната година ниту едно товарно возило веќе нема да може бесплатно да сообраќа по германските автопатишта. По серијата одложувања заради технички проблеми, ќе стартува употребата на компјутерскиот систем за патарина од кој сојузната влада, очекува годишна заработка од најмалку 3 милијарди евра.

Надлежното министерство конечно издаде уоппотребна дозвола за компликуваниот компјутерски систем на наплата за патарина, кој требаше да биде воведен уште во текот на минатата година, но бројнмите технички проблеми предизвикаа дури и политички спор.

Амбициозното техничко решение во чија изработка учествуваа и експерти од Дајмлер Крајслер, за време на првото пуштање во употреба покажа толку многу грешки заради што мораше да биде повлечено на дополнителна доработка, а опозицијата дури бараше и оставка на надлежниот министер Манфред Штолпе. Владата во Берлин очекува од патарината која во просек ќе чини 12 центи по килкометар годишно да заработи околу 3 милијарди евра, Штолпе според кого сево ова преставувало вистинско мачење кое на крајот се исплатело, ги соопшти плановите на владата

"Она што ќе доаѓа од собирањето на патарината, во целост ќе го вложуваме во сообраќајната инфраструктура“

Патарината ќе биде задолжителна и за странските товарни возила, кои нема да бидат обврзани да поседуваат вградени компјутерски системи, бидејќи сметањето на патарината е можно преку посебни картички кои ќе се продаваат на граница. Заради комплицираниот систем на влезовите на патиштата во првите месеци ќе бидат вработени стотина помошници за патарина, кои ќе ги информираат возачите за користење на новиот систем. Кристоф Белмер шеф на Конзорциумот “Тол колект“ кој го изведе целиот проект вели:

"Конзорциумот Тол Колект се подготвува за следниот pредизвик. Нема да се одвива како, кога некој систем е добро разработен. Во првите недели секако ќе минуваме низ фаза на учење која ќе биде многу важна" вели Белмер