1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија бара од Израел да не ги урива соларните панели

Германската влада се надева дека Израел нема да ги урива соларните панели финансирани од Германија и други странски донатори, а поставени во палестинските сточарски населби. Пораката стаса од министерот Гидо Вестервеле.

„Соларните панели и турбините на ветер не се опасност за никого“, порача вчера (01.03.) Вестервеле. Но, Израел не мисли така. Израелските власти одбиваат да ги поврзат на електричната мрежа сточарските населби на југот од Западниот брег, бидејќи тврдат дека сточарите немаат право на таа земја.

Затоа, израелски доброволци во минатите неколку години поставија соларни панели и турбини на ветер во 16 такви населби. Но, израелските власти минатиот месец наредија таквите апарати да се изгансат во шест од 16 населби, а во четири од тие населби и да се уништат. Уривањето треба да започне по 5-ти март.

Територијата на која треба да се урива е дел од 62-та проценти од Западниот брег што се под израелска контрола. Палестинците и израелски групи за човекови права ги обвинуваат израелските власти дека го спречуваат развојот на палестинскиот дел од Западниот брег, додека во исто време го охрабруваат развојот во израелските населби. Таквите активности за мнозинството од меѓународната заедница се незаконски.

Автор: Александар Методијев /ап/бета

Редактор: Борис Георгиевски