1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија бара негуватели од целиот свет

На Германија наскоро ќе и‘ недостасуваат голем број негуватели. Затоа германската влада се обидува да донесе работници од целиот свет. Но, земјите од кои доаѓаат овие работници и самите имаат дефицит во таа област.

„Тие се мои лични јунаци“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во предизборна телевизиска дебата, кога од неа беше побарано да се изјасни за медицинските сестри и негуватели. Германија има се’ поголем проблем со негувањето на старите и болни луѓе. Се проценува дека до крајот на оваа деценија во оваа област ќе недостасуваат околу 220.000 работници. Ваквите предупредувања ги даваат претставниците од оваа бранша. Затоа германската влада сега ги интензивира напорите за да ја ублажи оваа ситуација. Работната сила би требала да дојде од странство, за да се погрижи за се’ постарото германско население.

Ausländische Pflegekräfte in deutschen Krankenhäusern

Негувателите од Далечниот Исток се соочуваат со јазични проблеми во новата работна средина

Во фокусот се посебно јужноевропските земји, како што се Шпанија, Грција, Италија и Португалија. Станува збор за главно „целни земји“, како што стои во краткиот одговор на германската влада на едно барање поднесено од пратеничката гупа на Левицата, кое го носеше насловот: „Одлив на мозоци од јужните земји во областа на негата и здравството“. Тоа се земји „во кои, поради тамошната ситуација на пазарот на труд, постои соодветен потенцијал меѓу оние кои бараат работа“.

Потенцијалот навистина е голем, бидејќи таму пазарот на труд во делот на здравството се соочи со проблеми, поради мерките за штедење предизвикани од финансиската криза. На ист начин се погодени и Србија, Босна и Херцеговина, Тунис и Филипини. Германија негователите ги бара ширум светот. Така, во рамките на еден проект, во Германија пристигнаа 150 негуватели од Кина.

Одлив на мозоци во земјите на потекло

Пратеникот во Бундестагот Ниема Мовасат, од Партијата на левицата, смета дека ваквите напори одат предалеку. Тој е загрижен за последиците кои ќе ги предизвика регрутирањето на медицинскиот персонал во земјите од кои тие доаѓаат.

Zum Thema - Pflegenotstand und zur Anwerbung von Pflegekräften aus Entwicklungsländern

Ниема Мовасат, пратеник во Бундестагот

„Во некои земји, во кои се распишани огласи, веќе сега владее недостаток на персонал за нега и тоа уште повеќе ќе се влошува“, вели пратеникот во Бундестагот. Тој се противи на тоа што со германска парична помош се градат здравствени системи во земјите во развој, а потоа образованата стручна сила се носи во Германија. „Според мое мислење, тоа нема смисол“, нагласува Мовасат.

Германската влада во одговорот до Мовасат, кој е напишан на 13 страници, подвлекува дека во својата акција за привлекување на странска работна сила се придржува до меѓународното право. Но, Глобалниот кодекс за праксата на вработување на меѓународен здравствен персонал на Светската здравствена организација забранува носење персонал од земјите со недостаток на оваа стручна работна сила. Станува збор за земји во кои на 1.000 жители доаѓаат по 2,29 работници од медицинската струка. Наведениот сооднос подразбира дека медицински е можно да се згрижат 80 проценти од населението, а за останатите 20 проценти има мали шанси за добивање помош. Таква ситуација има во Виетнам и Индонезија.

Голема конкуренција

Zum Thema - Pflegenotstand und zur Anwerbung von Pflegekräften aus Entwicklungsländern

Даниел Бар, министер за здравство на Германија

„Ние сосема свесно потпишавме договор со земјите за кои знаеме дека во нив не владее вонредна состојба“, нагласува министерот за здравство на Германија, Даниел Бар. Тој смета дека не постои алтернатива на носењето негуватели од странство.

„Постои голема конкуренција кога станува збор за тој персонал. Доколку не направиме нешто, тие ќе отидат во Швајцарија, Велика Британија или во скандинавските земји“, додава Бар. Според него, мобилизирањето на ресурсите во странство нема да биде доволно.

Познавачите на случувањата во браншата бараат подобри плати и подобри работни услови за негувателите во Германија, за работата на негувателите да стане поатрактивна. Освен тоа, тие се сомничави кога станува збор за носење работна сила од земјите на Далечниот Исток. Не се сигурни дека тоа во пракса би можело да функционира со оглед на културолошките разлики, бидејќи некој 80-годишник може да се соочи со голема празнина во комуникацијата кога му е потребна нега, а доаѓа во контакт со негуватели од Индија, Кина или Виетнам.