1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германија: Барањата за азил од македонски државјани со приоритет

Барањата за азил од Македонија и Србија во моментов имаат предност при обработката, изјави германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих.

„Пораката е примена - кој бесправно поднесува барање за азил, мора во најкусо можно време да ја напушти нашата земја“, изјави германскиот министер за вантрешни работи Ханс-Петер Фридрих за весникот „Везеркуриер“. Поради тоа, според него, во последните месеци бројот на азиланти од Србија и Македонија е „многу“ намален.

„Мора да се избегне кај нас да доаѓаат луѓе од земји кои се всушност безбедни, луѓе кои немаат право на азил“, рече Фридрих за денешното (19.01) издание на „Везеркуриер“.

Bundesinnenminister Hans-Peter Friedrich

Ханс-Петер Фридрих

Во текот на изминатата година во Германија имало 65.000 баратели на азил, што е пораст на бројот за 41%. „Тоа е највисок број во последните 10 години“, нагласи Фридрих. Во текот на иазминатата година, од една страна, зголемен е бројот на баратели на азил од земји во криза, како Сирија, Ирак, Иран и Авганистан, но од друга страна, „има многу баратели од европски земји, како Србија и Македонија, кои не се политички прогонувани и оттука не можат ниту да добијат статус на азилант“.