1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – Авганистан

*

Премиерот на Баварија Едмунд Штојбер се изјасни против стационирање дополнителни германски војници во Авганистан. Според него, до колку НАТО има намера да го зголемува бројот војници, тогаш најнапред тоа треба да го бара од други нации, изјави Штојбер за весникот “Велт ам зонтаг“. За разлика од него, државниот министер во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер, како и екс-министерот за надворешни работи Јошка Фишер, се изјаснија во полза на засилувањето на контингентот на Бундесверот во Авганистан. Инаку, денеска во катедралата во Берлин ќе биде одржана комеморација за тројцата германски полицајци што беа убиени кај Кабул. На комеморацијата ќе учествува и канцеларката Ангела Меркел.