1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – Авганистан – нов концепт

*

Германската влада денеска ќе расправа за новиот концепт за ангажманот во Авганистан. Во предлог документот се предвидува засилен ангажман на Германија во цивилната обнова на земјата, за што е предвидено зголемување на средствата за 25 милиони евра, на вкупно 125. Освен тоа се истакнува и долгорочниот воен ангажман, се‘ додека авганистанските сили за безбедност не бидат во состојба потполно да ја преземат одговорноста. Според министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг потребна е комбинација од воени и цивилни мерки:

“Само со воени средства нема да постигнеме успех во Авганистан. Тоа го нарекуваме концепт на поврзана безбедност, што значи: без сигурност нема обнова и развој, но и обратно, нема обнова и развој без безбедност. Двата аспекта треба да одат рака под рака“ - смета Јунг.