1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германец обвинет за 37 случаи на подметнување пожар во Лос Анџелес

По серијата пожари во Лос Анџелес, обвинителството на американската сојузна држава Калифорнија поднесе прелиминарно обвинение за подметнување пожар во 37 случаи против 24-годишен Германец.

default

Германецот Хари Буркарт се товари за 28 подметнувања на пожар во ненаселени локации и 9 случаи на подметнување пожар во населени објекти, соопштија властите по првото судско сослушување. 24-годишното момче е осомничено за подметнување на повеќе од 50 пожари, во кои биле предизвикани штети во вредност од повеќе од 3 милиони долари. Се претпоставува дека обвинетиот ги извршил делата за да го искаже својот гнев против американските служби за доселување. Младиот Германец беше уапсен во понеделникот и оттогаш наваму одбива да соработува со истрагата. Серијата од пожари предизвика голема вознемиреност во Лос Анџелес и пред се’ во Холивуд во пресрет на Новата година и непосредно потоа.

Автор: СН/ ЕМФ/ дпа/ дапд/ афп

Редактор: Александра Трајковска