1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германец – киднапиран

*

Грабнувачите на германскиот државјанин во Авганистан бараат 40.000 евра за да го пуштат на слобода. Информацијата потекнува од гувернерот на југо-западната покраина Фарах, Гулом Балух, а дошла преку старешините на еден голем семеен клан. Гувернерот Балух оцени дека одговорноста за грабнувањето лежи врз талибанските бунтовници во Завганистан. Претставник на Талибанците меѓутоа демантираше, нагласувајќи дека веројатно станува збор за грабнување со криминална заднина.