1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германец во ЕИБ

Во претседателството на Европската инвестициона банка од октомври минатата година седи и Матијас Колац-Анен, како претстваник на Германија. Оваа банка се смета за банка на Европската унија и финансира големи, понекогаш и спорни инфратсруктурни проекти со милијради заеми. Банката ќе учествува и во изградбата на балтичкиот нафтовод. Човек, банка и предизвик.

Покажува и задоволство кога се соочува со соптственото политичко минато. Матијас Колац-Анен во 80-десттите години беше активен во еден општински изборен округ во полза на социјалдемократите и извесно време потпретседател на младите социјалисти. Подоцна беше директор во покраинската банка Хесен – Тиринген, а од минатиот октомври е еден од потпретседателите на Европската инвестициона банка со седиште во Луксембург:

„Убавото притоа е што во подолг временски период може да се покаже дека постојат социјалдемократи кои радо се барани за економски одговорни позиции„.

Европската инвестициона банка, накусо ЕИБ е нешто како домашна банка на Европската унија. Во минатата година позајми скоро 46 милијарди евра, пред се кофинансирајќи инфраструктурни проекти, најголемиот дел во земјите на Унијата, но и надвор од неа. Банката во моментов води преговори за делумно финансирање на планираниот балтички нафтовод. Проектот го благословија Владимир Путин и Герхард Шредер за да се обезбеди снабдување со гас на Западна Европа. Полска и балтичките земји се уште блокират. ЕИБ не може да се ангажира се додека сите 27-те земји членки на Унијата не се согласат со таков мандат:

„Кога ќе се донесе решение, тоа ќе биде само еден од проектите што го добиваме. Потоа трае долго додека инвестицијата не се исплати. Поради долгорочноста на проектот, инвеститорите влегуваат во голем ризик„, вели Колац Анен.

Таму каде што деловните банки се колебаат да финансираат проекти со голем ризик, настапува ЕИБ. Нејзин сопственик се земјите на Европската унија. 49-годишниот Колац – Анен беше испратен во неа како кандидат на сојузната влада, по долги дебати во големата коалиција. Полето задачи пред кои се наоѓа сега во Луксембург е огромно. Тој, меѓу другото, е одгворен за проекти во Романија, но и во Турција. ЕИБ се почесто е барана како кофинансиер зашто Унијата станува се поголема, а во просек се посиромашна. Колац – Анен:

„Волуменот средства на банката во 1970 година изнесуваше 2 милијарди, во 1980 десет, во 1990 година 50 милијради. Денес располага со преку 300 милијради евра„.

На пример, се финансираше мостот преку Босфор, сега станува збор за тунел под овој мореуз. Нова тежишна тема треба да биде енергијата: нејзината ефикасност, нови енергии, помош за средните фирми кои истражуваат новитети. Банката нуди поволни камати и рокови за вараќање до 50 години. Се поголема улога ќе игра соработката на приватни фирми и државните инситуции. Со оглед на празните каси, расте финансирањето на приватни објекти, на пример во изградбата автопати:

„Тоа вообичаено го правиме во соработка со банките. Ние учествуваме со малцински удел, понекогаш воопшто не нема на терен, туку ги финансираме банките што учествуваат во проектите„.