1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Герилците на ФАРК бараат прекин на огнот

Уште пред почетокот на мировните преговори со колумбиската влада, бунтовниците од ФАРК понудија прекин на огнот. Владата, пак, и натаму врши вооружен притисок.

Колумбиските револуционерни вооружени сили ФАРК ќе побараат прекин на огнот пред почетокот на преговорите за мир со колумбиската влада. Ова го изјави Маурисио Харамиљо, поранешен бунтовнички командант на прес-конференција во кубанскиот главен град Хавана. Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос

Mauricio Jaramillo

Маурисио Харамиљо, поранешен командант на бунтовниците

неодамна беше дециден - армијата нема да ги прекине своите акции ниту за време на преговорите со бунтовниците.

Во средата (05.09) во воздушен напад беа убиени 15 бунтовници. Тие беа затрупани во своите куќи, така што можеби бројот на загинатите е и поголем.

Владата започна сондирачки преговори со герилците на ФАРК кон крајот на август со цел да биде постигнат мир по речиси полувековното насилство. Разговорите, кои ќе бидат први по неуспешниот обид за постигнување мир пред една деценија, ќе почнат на 8 октомври во Норвешка. Потоа ќе се префрлат во Куба.