1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Гералд Кнаус за извештајот на ЕК и проблемот со името

*

Извештајот на ЕК за Македонија е технички урамнотежен но и во себе крие многу поголема скепса отколку што може да се претпостави, вели во интервју за Дојче Веле Гералд Кнаус, претседател на Европската иницијатива за стабилност. Според Кнаус слабостите на Извештајот се во тоа што не се кажува доволно јасно кои се конкретните работи што Македонија треба да ги направи за да добие загарантиран датум за почеток на преговори. Што се однесува до проблемот со името Кнаус смета дека трендот е во корист на Македонија, но дека преименувањето на аеродромот сепак беше грешка.