1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Георгиевски останува претседател на Собранието

Инцијативата за интерпелација на спикерот на парламентот во Скопје не е прифатена.

default

Георгиевски останува на функцијата претседател на Собранието

До доцна синоќа пратениците во македонскиот Парламент расправаа за интерпелација на претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Иницијативата не е прифатена.

Против интерпелацијата гласаа 63 пратеници, а за иницијативата на Либерал - демократите беа 24 пратеници. – Во текот на седницата пратениците од опозицијата упатија забелешки до претседателот на Собранието Георгиевски дека постоело кршење на Деловникот и Уставот, спуштање на нивото и нефункционлан работа на законодавниот дом, како и доминација на Владата во Парламентот. Пратениците од власта оценија дека станува збор за непотребно губење време и партиски маркетинг на опозицијата.