1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Геншер - роденден

Ханс Дитрих Геншер, поранешниот министер за надворешни работи на Германија и претседател на германските либерали, денеска го слави 80-тиот роденден. Геншер важеше за важен посредник меѓу Истокот и Западот и еден од клучните архитекти на паѓањето на „железната завеса„ меѓу поранешниот блокови. Тој ќе остане запаметен и по ангажманот за обединување на Германија. Германскиот претседател Хорст Келер го нарече Геншер патриот кој на светот гледал со прагматизам. На прославата денеска во Берлин се очекуваат повеќе од 1000 гости од политиката и јавниот живот во Германија.