1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Генетска студија: Ромите потекнуваат од Индија

Синтите и Ромите живеат распрснати низ цела Европа, тие се најголемото малцинство во ЕУ. Споредбена студија за генското наследство го прецизира нивното потекло.

Синтите и Ромите со векови живеат во Европа, но сепак останале самостоен народ, кој покрај јазикот на својата сегашна татковина, го зборува и го зачувал и својот -ромскиот. Иако ромскиот не е хомоген јазик, туку се дели на многубројни дијалекти, постои заедничко сродство со индискиот санскрит. Лингвистите уште од 18-ти век наваму претпоставуваат дека потеклото на европските Синти и Роми е од Индија.

Преселбата почнала пред 1500 години

Неодамна во научниот магазин  „Карент Биолоџи“ објавената студија за генското наследство на различни групи на Синти и Роми од Европа ја потврдува оваа теорија и натамошно го лоцира подрачјето на потеклото. Манфред Кајзер, биолог од Еразмус универзитетот Ротердам и еден од авторите на студијата во интервју за Дојче веле информира за новите сознанија: „Со нашата студија од еднастрана можевме да го потврдиме индиското потекло, но и да го локализираме на северниот, североисточен регион на Индија, од каде најверојатно првично започнала преселбата на Ромите“.

Студијата, истакнува Кајзер, го расветлува и временскиот период: „Нашите податоци велат дека овој егзодус од Индија започнал пред околу 1.500 години, што дозволува натамошно толкување - се чини дека потоа настанала поделба на западни и источни европски Роми, отприлика во регинот на Балканот пред околу 900 години“.

Раселување низ цела Европа

Во Европа денес живеат околу 11 милиони Роми. Прецизни бројки речиси нема, зашто со инструментите на официјалната државна статистика тешко можат да се одвојат податоците кои се однесуваат само на Ромите. Во Германија, според Централниот совет на Синтите и Ромите, ги има околу 70 илјади. Многу поголеми групи живеат во Србија, Унгарија, Романија, Бугарија и во Шпанија.

Symbolbild Forschung Labor Reagenzgläser Chemie

Со анализа до корените на Ромите

Постоењето на голема ромска популација во Шпанија при поранешните истражувања делумно довело до заклучок дека населувањето можеби се случило преку африканскиот континент. Ваквите теории со новата студија дефинитивно се побиени.

Непостоењето пишан јазик го отежнува истражувањето

Тоа што ромскиот јазик се базира на усно пренесување и не постои кодiфицирана верзија и историја на народот и неговата култура, е посебен предизвик за историчарите кои посебно се занимаваат со преселните движења. Затоа, најновите сознанија од анализата на наследниот материјал игра особено важна улога.

И покрај пречките, постојат и прецизни лингвистички истражувања за корените на брановите преселби на Синтите и Ромите во Европа, кои делумно стигнуваат со векови наназад. Јарон Матрас, професор по лингвистика  на универзитетот во Манчестер, резултатите на сегашната генетска студија објавена во „Карент биолоџи“ ги смета за малку спектакуларни.

„Тоа досега е попознато од научно-јазичен аспект отколку од генетски агол. Тоа што сега стигнува од генетската анализа, е потврда на резултатите од лингвистичките испитувања“.

Овие јазични студии се блиску до теоријата дека пред да започне бранот на преселбата од северна и североисточна Индија во правец на Европа, имало веќе преселни движења од Централна Индија кон северот. Матрас генетската анализа сепак ја смета за добра можност во прилог на зацврстување на познатите научни резултатите од областа на лингвистиката.