1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Генерал Хено во посета на Скопје

*

Учеството на Македонија во операцииите на НАТО и трнасформацијата на македонската армија се темите на кои ќе разговараат високи воени претавници на Алијасната со македонските власти. Претседавачот на воениот комитет на НАТО, генерал Реј Хено и началникот на Генералштабот на АРМ генерал полтполковник Мирослав Стојановски ќе ја разгледаат регионалната соработка особено во рамките на Јадранската група. Генерал Хено и македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски ќе разговараат за реформите во одбраната како и интеграција на македонската армија во НАТО и учество во мировните мисии. Претседавачот на Воениот комитет н НАТО треба да биде примен од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, а ќе разговара и со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Македонија.