1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Генерал Ален ослободен од обвинувањата

Аферата со имејл пораките и љубовниот живот на американските генерали Петреус и Ален крена голем прав во САД во ноември. Обвинувањата на сметка на Ален „паднаа во вода“.

Во сапунската опера на речиси холивудско ниво која неколку месеци се врти околу поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус, еден од актерите е ослободен од обвинувањата. Надзорен одбор на Пентагон, по спроведената истрага, оцени дека главниот командант на меѓународните трупи во Авганистан Џон Ален (фото горе), не се однесувал „несоодветно“ и не ги прекршил армиските правила. Претставник на американската влада, кој сака да остане анонимен, за агенцијата АФП изјави дека одборот на Пентагот во имејл пораките на Ален не видел несоодветно однесување.

Дејвид Петреус, шеф на ЦИА и поранешен командант на американските сили во Ирак и Авганистан, поднесе оставка на 9 ноември 2012 година поради врската со Пола Бордвел, која беше негов биограф. Аферата излезе на виделина откако Бродвел на Џил Кели, сопруга на еден лекар во Тампа, во сојузната држава

David Petraeus Paula Broadwell Ex CIA Chef General Kommandeur

Дејвид Петреус и Пола Бродвел

Флорида, и‘ испратила анонимно имејл порака во која ја обвинила дека е сексуално заинтересирана за Петреус. Кели, инаку познаничка на семејството Петреус, по оваа заканувачка порака ја вклучила сојузната полиција ФБИ.

Истрагата потоа наиде на голем број имејл пораки меѓу Кели и Ален. Се зборуваше за 20 до 30 илјади страници, меѓу нив и тајни документи. Поради сомневања дека Ален се однесувал можеби „несоодветно“, американската влада го стави под мраз неговото унапредување за главен командант на НАТО во Европа. Ален и Петреус тврдат дека немале вонбрачни афери.