1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Генералот стигна во „неговиот реон“

Сите цели се остварливи, доколку им се приоѓа без колебање и со полн елан. Овој оптимизам е знак на распознавање на американскиот генерал Дејвид Петреус, кој е во прва посета на Авганистан.

default

По неславното повлекување на неговиот претходник Стенли Меккристал, новиот генерал на меѓународните трупи во Авганистан, има намера да го постигне речиси невозможното. Дејвид Петреус презема тешка мисија, зашто растат стравувањата дека НАТО со својата стратегија нема да успее да ги стави под контрола талибанците. Бунтовниците, во меѓувреме, се борат и надвор од нивните традиционални упоришта, а во судирите има се‘ поголем број жртви: „Задачата е се‘ друго, само не лесна. Но, ако соработуваме, можеме да ја постигнеме заедничката цел“, убеден е Петреус.

ISAF Soldaten der Bundeswehr Afghanistan

Тешка мисија, дури и невозможна?

Прво влошување, па подобрување?

Генералот во извршување на задачата може да се потпре врз своето искуство од Ирак, каде беше командант на американските сили, а потоа командуваше и со мултинационалните трупи.

Според новиот командант, кој задачата ја презема денеска (04.07.2010), соработката меѓу војската и цивилниот дел на општеството е предуслов за стабилизирање на земјата, а со тоа и предуслов за повлекување на странските трупи од Авганистан. Сепак, како што оценува Петреус, ситуацијата би можела уште повеќе да се влоши, пред да почне да се реализира новата стратегија на НАТО.

Автор: ЕМФ/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM