1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Генералот Де Марнак нов командант на КФОР

*

Францускиот генерал, Гзавие Бу Де Марнак, е новиот командант на силите на КФОР. Тој денеска во Приштина ја презеде должноста од германскиот генерал, Роланд Катер. Досегашниот командант на КФОР е одликуван со медал на НАТО, а косовскиот претседател Сејдиу му даде златен медал за воени заслуги. На примопредавањето на должноста присуствуваа и министрите за одбрана на Германија, Франција и Швајцарија, Франц Јозеф Јунг, Ерве Морин и Самуел Смит. Команданот на КФОР под своја команда има 16 илјади војници.