1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Генерален штрајк ја парализираше Индија

Трговците, сопствениците на продавници и работниците во Индија демонститраат против отворањето на индиската трговија на мало за големите светски концерни. Есенва стапува во сила нов трговски договор меѓу ЕУ и Индија.

Индиската влада минатата недела донесе одлука, да го отвори патот за странските трговски синџири. На овој начин владата сака да постигне, што повеќе прехранбени производи навистина да стигнат до потрошувачите  - во моментов 35 до 40 проценти од жетвите пропаѓаат поради недостиг на можности за транспорт и складирање. Странските концерни освен ова би требало да отворат десет милиони работни места.

Населението протестира

Милиони луѓе меѓутоа учествуваат во протестите против реформата. Многу возачи на камиони и автобуси во Иднија се приклучија кон штрајкот.  Нивниот протест е насочен и против неодамнешното покачување на цените на дизел горивото за дванаесет проценти.

Владата на премиерот Манмохан Синг по се’ изгледа размислува да им излезе в пресрет на демонстрантите. Меѓутоа не смее да има ревидирање на одлуката, во иднина да бидат дозволени директни инвестиции на странските концерни како Метро или Керфур во индиската малопродажба.

Streik in Indien

Штрајк во Иднија

Трговски договор меѓу ЕУ и Индија

Во декември мината година трговците на мало протестираа во сите големи индиски градови против планираното отворање на пазарот за концерни од ЕУ. На отпорот му се приклучи и опозицијата и дел од владејачките партии, по што беше одложена реформата.

Предуслов за европските директни инвестиции е договорот за слободна трговија меѓу Индија и ЕУ, што треба да стапи во сила оваа есен. Претседателот на Комисјата на ЕУ Жозе Мануел Барозо го пофали „најголемиот трговски договор во светот, кој им служи на 1,7 милијарди луѓе“. Тој според него би требало да биде двигател за оддржлив развој, вработување и иновации во Индија и Европа.