1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Генерален штрајк на 28-ми март

Синдикатите и студентските здруженија во Франција го зголемуваат притисокот врз владата за да ги спроведат своите барања за повлекување на планираните реформи на пазарот на работна сила.

default

Претставници на синдикатите и на студентите на средба во Париз се договорија да повикаат на штрајк во вторник наредната недела. Рене Валадон, шеф на големиот синдикат “Форс Увриер“, изјави:

“Сите синдикати повикуваат на 28 март на демонстрации и штрајкови.“

Францускиот претседател, Жак Ширак и премиерот Доминик де Вилпен, уште еднаш го бранеа планираното укинување на заштитата од отказ за приправниците и нагласија дека на тој начин земјата може да се бори против високата невработеност.