1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Генерален штрајк во Португалија

Во високозадолжената членка на ЕУ, Португалија, денеска (27.06) е во тек еднодневен генерален штрајк против програмата за штедење на владата. Главниот град Лисабон е речиси блокиран.

Во португалската престолнина Лисабон возовите стојат, мирно е во метрото, не возат ниту автобусите. Државната авиокомпанија ТАП најави пореметувања во звиосообраќајот, иако претходно не се укинати одредени линии. Штрајкуваат службите за подигање на сметот и поштата, а медиумите јавуваат за висок одглас пред се‘ кај службениците во државната администрација. Штрајкот видно се чувствува на универзитетите, во училиштата и клиниките.

Синдикатите го мобилизираа членството

Армение Карлос, шефот на синдикатот ЦГТП истакнува - целта е слабеење на владата која во две години уништи 300 илјади работни места. Ова е прв од четирите заеднички штрајкови на двата најголеми синдикати во земјата (ЦГТП и УГТ) по Каранфилската револуција од 1974 година, но веќе втор против премиерот Педро Пасос Коељо. Покрај штрајкот, низ целата земја се планирани бројни собири. Синдикатите бараат одржување нови избори и нова еконосмка и социјална политика.

За возврат на финансиската помош од 78 милијарди евра одобрена во 2011 година, Португалија се обврза пред кредиторите на строга политика на штедење. Стапката на невработеност во меѓувреме порасна на рекордно ниво од 18 проценти, најсиромашната земја во Западна Европа се наоѓа на пат кон трета година на рецесија по ред.

ЕУ: Програмата на санирање е на добар пат

Притоа, Тројката - претставници од ММФ, ЕУ и Европската централна банка вчера констатираше успех во санирањето на државните финансии на Португалија. При повторната посета на Тројката е констатирано дека програмата за санирање и реформи, воведена поради тешката еконосмка состојба, е на добар пат, севели во објавениот извештај на ЕК во Брисел. Но, Европската комисија признава и дека рецесијата во 2012 година довела до поголем пад на стопанството од очекуваното -1, 8 проценти. За тоа придонесле посебни фактори како долгиот штрајк на пристанишните работници. ПО новиот минус од 2,3 насто во тековнава година, за следната, 2014 година се смета на раст од 0,6 проценти и 1,5 насто во 2015 година.

Благодарение на добрите резултати при проверката, на Португалија ќе и‘ биде одобрена натамошна транша од 2 милијарди евра од вкупниот пакет финансиска помош од 78 милијарди евра. Со тоа земјата ќе има добиено вкупно 66 милијарди евра досега.