1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г.Г. Стефан : да се чува верата и црквата

Поглаварот на Македонската православна, Г.Г. Стефан во сосборниот храм Св. Климент во Скопје ќе ја служи велигденската богослужба. Тој во неговата велигденска порака претходно порача “да се чува верата и црквата за да се зачува и државата и древната македонска црква”. Г.Г. Стефан во интервју за “Дневник" изјави дека православната охридска архиепископија на чие чело е Јован, не може да ги загрози интересите на македонската црква. За македонскиот владика, либерализација на законот за верско здружување, што го бара ЕУ, не е добар.

“Ако членството на Македонија зависи од тој закон, тогаш е подобро земјата да не влегува во Унијата, бидејќи таков лош закон нема никаде да не однесе”, оценува Г.Г. Стефан.

Со таков закон црквата на Јован би се легализирала.